• четврток, 25 декември 2025

Стерјовски и Пелеши разговараа  за можностите за поголема интеграција на Македонците во општествениот и политичкиот живот

Стерјовски и Пелеши разговараа  за можностите за поголема интеграција на Македонците во општествениот и политичкиот живот

Дебар, 19 декември 2025 (МИА) - Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ), Васил Стерјовски попладнево остварил средба со Нико Пелеши, претседател на албанскиот Парламент.

-На мое големо задоволство и чест имав срдечна средба со Нико Пелеши, претседател на албанското Собрание и голем пријател на македонската заедница во Албанија, информираше Стерјовски.

Разговорот бил фокусиран на важноста од понатамошно подобрување на условите за Македонците, како и на можностите за нивна поголема интеграција во општествениот и политичкиот живот во Албанија. 

- Со неговата поддршка, верувам дека можеме да постигнеме значајни чекори напред во зајакнувањето на македонската заедница во Албанија, нагласува Стерјовски.

Нико Пелеши, кој е родум од Корча за пратеник беше реизбран во оваа изборна единица, во која припаѓа и Општина Пустец.

Редовно ја посетува Општина Пустец, порачувајќи дека „без разлика на некои странски влијанија, во Преспа живеат Македонци“.

-Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една прекрасна, вредна и почитувана заедница, што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, оценува Пелеши. вт/лв/

Фото: МАЕИ

 

Остани поврзан